Германија се соочува со невиден бум на лажни вести
Германија се соочува со бум на лажни вести. Претставници на германската влада објавеија дека ќе го истражат невиденото ширење на лажни вести, пишува британскиот весник. “Гардијан”.
Вестите доаѓаат на позадината на пораки за тоа дека Русија се обидува да влијае на германските парламентарни избори оваа година.
Германската Федерална служба за заштита на Уставот вели дека е регистрирана “огромна употреба на финансиски извори” и користењето на широк спектар на средства за руска пропаганда за дезинформација, која има за цел да ја дестабилизира германската влада.
Според зборовите на владиниот портпарол Штефан Зајберт земјата ќе ги искористи сите средства со кои располага, за да се испита ширење на лажни вести. “Ние се соочуваме со феномен чии димензии не сме го ни помислиле ниту виделе досега”, рече тој.