Временска прогноза
Објавено на 5 јануари, 2016 во 06:29
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен јужен ветер и повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Во четврток ќе има преодно заладување и врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Денеска: Променливо облачно, во северните и западните делови во попладневните часови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температура до 7 степени.