ПИОМ треба да даде отчет за долговите кон приватните фондови
Објавено на 13 јануари, 2016 во 09:04
Денеска ПИОМ треба да даде отчет за долговите кон приватните фондови. На барање на првиот човек на државниот пензискиот фонд Шаип Занели, рокот за достава на документи е продолжен до денеска – потврди за 24 Вести министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.
Една недела откако Министертсвото за труд и социјална политика формираше специјалната комисија која треба да ги утврди причините за застој во префрлањето на пари од ПИОМ кон задолжителните пензиски фондови, сега и владата под лупа ќе ја скенира состојбата во државниот фонд.