ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ согласни со методологијата за Избирачкиот список
Објавено на 18 јануари, 2016 во 14:00
Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска соопштија дека ја прифаќаат предложената и подготвената Методологија од страна на Државната изборна комисија за прочистување на Избирачкиот список, пишува Радио Слободна Европа.
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија (ДИК) ја подготвила.