Најладно утрово во Берово, Крива Паланка и Маврово
Висината на снежната покривка во 7 часот утринава изнесуваше 2см во Крива Паланка и Претор, 4см во Струмица, 6см во Битола и Дебар, 7см во Штип, 10 см во Пожар и Тетово, 12 см во Тополчани, 14 см во Ѓуриште, 17см во Пожаране и Крушево, 25см во Берово, 27 во Лазарополе и 33 см во Маврово.
Измерени беа и минимални температури од -13 Берово, -11 Крива Паланка, -10 Маврово, -8 Лазарополе и Крушево, -7 Дебар, -6 Струмица, Претор и Штип, -5 Куманово и Виница, -4 Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Охрид, -2 Демир Капија, -1 Кавадарци, Дојран и 0 степени во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде претежно сончево, во западните делови, на планините и Пелагонија има зголемена облачност. Дува слаб, а во Крива Паланка и долж Повардарието умерен ветер од северен правец.
Претежно сончево, претпладне во западните делови променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.
Во Скопје: Претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Тмакс = 0 степени
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Продолжува периодот на претежно стабилно и студено време со ниски утрински температури. Најстудено ќе биде утре наутро, кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -12 степени. Од средина на неделата ќе има извено затоплување.