Временска прогноза
Објавено на 23 јануари, 2016 во 06:41
За време на викендот ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени.
Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет.
Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури.