Падна системот на екстерното: Учениците го прашаа министерот Адеми каде се реформите?
Eкстерното тестирање во некои училишта во државата почна со проблеми. Во неколку училишта почна подоцна, поради технички проблеми. Но во повеќето училишта процесот на тестирањето почна без проблеми. Над 19 илјади матуранти вчера полагаа за екстерното тестирање каде одговорија на 30-те подготвени прашања.
За овој проблем реагираа од „Пленумот на средношколците„ . Од нивниот фејсбук профил, го прашаа министерот Адеми:
„На првиот ден од екстерното тестирање за учениците од четврта година, системот падна. Каде се реформите министре?“, прашуваат учениците.
Против екстерното тестирање реагираа и младите на СДСМ кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ создадела хаос во образованието и дека овој проект е неуспешен и создава фрустрација кај наставниците, учениците и родителите.
Од министерството за образование не одговорија зашто падна системот, но преку едно соопштение рекоа дека целиот процес помина без проблеми.
За Екстерното тестирање и порано имаше реакции како контестиран проект кој предизвика протести од учениците на неколку училишта од нашата држава. Министерството за образование после сите реакции, најави нов концепт за екстерното тестирање, но поради изборите остана стариот концепт на тестирањето.
Извор: ТВ 21