Шилегов – Неделникот Република добил 900 илјади евра од владата
Неделникот Република од владата во изминатите три години добил скоро 900 илјади евра, објави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
На прес-конференцијата што ја одржа на спорните парцели на Водно, за кои СДСМ претходно објави дека се на премиерот Никола Груевски, Шилегов рече дека Република е во сопственост на фирмата Ирсине лимитед од Белизе, која е регистрирана на иста адреса со фирмата Сирах лимидет, која беше сопственик на спорните парцели. Белизе е „познатиот даночен рај на фамилијата и Никола Груевски“, рече Шилегов, кој додаде дека со пари на граѓаните се плаќа „медиумски мрак, пропаганда и виртуелната реалност, што не постои“ и оти ова е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес.
Извор: Радио Слободна Европа