Временска прогноза
Објавено на 18 февруари, 2016 во 06:31
Времето денеска ќе биде претежно облачно со локален дожд, особено во западните делови, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени и ќе достигне до 17 степени.
Во петок ќе има преодно стабилизирање, а во сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време.