Како примателите на дознаки од странство да добијат социјална заштита?
Владата да воведе Ваучер политика на дознаките и на тој начин невработените здравствено да се згрижат – препорачуваат економистите. Истражувањето што го спроведе Фајненс тинк покажува дека доколку 6% од сумата што ја добиваат невработените граѓаните од печалбарите ја стават на приватна пензиска сметка, за возврат ќе добивјат ваучер со кој ќе им се подобри здравствениот статус.
Дел од експертите во здравствениот менаџмент посочуваат дека сумата што ќе треба да ја плати државата е голема, а здравстевната услуга треба да се гарантираат. Според поранешната директорка на фондот за пензиско и инвалидско осигурување Маја Парнарџиева Змејкова, обезбедување на пензија преку оделување на дел од парите од дознаките за невработените би бил поголем мотив парите да ги добиваат преку банки на жиро сметка.
Вкупно 400 милиони долари на годишно ниво изнесува сумата што ја добиваат скоро 89 илјади граѓани од роднините од странство, а половина се испраќаат преку неофицијални канали.
Извор: 24 Вести