Поставен „Споменик на дијазепамот“ во Скопје
Попладнево во центарот на Скопје никна „Споменик на Дијазeпамот“. Граѓански активисти во акција поставија споменик на апчето дијазапам со димении 1.4м х 1.2м на јавен простор, јави ТВ 21.
Акцијата „Споменик на Дијазепамот“ е инспирирана од фактот дека ова средство за смирување е втор по продажба лек во Македонија.
Потрошувачката на антидепресиви, во 2013 година, во однос на 2010 во Македонија се зголемила за над 1,6 милиони реализирани рецепти, односно за околу 30 отсто, покажала анализата на податоците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Овој тренд е во нагорна линија и претпоставките се дека во 2015 бројот на реализирани рецепти ја надминал бројката од 2 милиони рецепти (пакувања) а најмалку 500 000 пакувања се купени приватно само со рецепт од матичен лекар.