Свлечиште кај Страцин
Објавено на 11 март, 2016 во 08:41
На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај село Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот.
Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.
АМСМ соопшти дека екипи на ЈП „Македонија пат“ интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.