Временска прогноза
Објавено на 17 март, 2016 во 06:45
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во ноќните часови облачноста ќе се намали.
Во наредните денови ќе биде стабилно и суво освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на конвективна облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.