Извештајот на Јанева денеска на собраниска комисија
Објавено на 21 март, 2016 во 09:08
Денеска со почеток во 11 часот, извештајот на Катица Јанева за работата на Специјалното јавно обвинителство во претходните шест месеци, ќе се разгледува на собраниската комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Извештајот за кривичните дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (од 15.09.2015 до 15.03.2016) ќе се разгледува и на пленарна седница во Собранието, на 28 овој месец.
Извештајот беше доставен и до Советот на јавни обвинители, кој констатираше дека бил нејасен, па ја одложи седницата бидејќи Јанева не беше присутна на седницата за да им го објасни.