СЈО го превзема случајот „Шпион“
Објавено на 28 март, 2016 во 07:33
Случајот „шпион“ денеска се очекува да биде преземен од СЈО. До ова доаѓа по одржаното судско рочиште на Апелацискиот суд во Скопје минатата недела на кое беше соопштено дека СЈО го бара предметот во кој 17 лица во 2014 беа осудени на затворски казни за повеќе кривични дела.
Преземањето на овој предмет е во време кога Апелацискиот суд ги разгледува жалбите на обвинетите кои тврдат дека се притворени и осудени во монтиран случај.
Обвинетите и нивните бранители бараа СЈО да го преземе овој случај