Времето во Македонија во наредните пет дена
Објавено на 1 април, 2016 во 07:01
Пред нас е еден сончев и многу топол викенд кој се надеваме дека ќе биде вистинско уживање за сите вас.
Во сабота максималните температури од 18 до 28 степени, додека пак во недела благ пад и ќе се движат од 16 до 26 степени.
Сончевото и топло време ќе продолжи и на почетокот од следната седмица.
Во понеделник сончево и топло со дневни температури од 17 до 27 степени.
Во вторник претежно сончево со локална облачност и пораст на температурите. Утринските од 5 до 13 степени, а максималните од 19 до 29 степени.
Weather4all.com.mk