Се зголемува бројот на граѓани и фирми со блокирани сметки
Се повеќе граѓани и компании се со блокирани сметки. Во февруари вкупно 122 502 физички и правни лица биле со блокирани сметки – покажуваат податоците на Народната банка.
Ако се анализира бројките на месечно ниво има намалување, но споредбено со крајот на минатата година, или за два месеци листата со вкупен број на блокирани депоненти се проширала за скоро 1000 ново блокирани физички и правни лица. Додека споредбено со истиот месец од 2015 година вкупниот бројот на граѓани и компании што се под блокада пораснал за близу 23 000 ново блокирани сметки.
БРОЈ НА БЛОКИРАНИ ДЕПОНЕНТИ
февруари 2016 февруари 2015 декември 2015
Вкупно физички и правни лица 122 502 121 547 99 688
извор: НБРМ
Во исто време во февруари бројот на блокирани сметки што ги поседуваат граѓаните и компаниите изнесвал скоро 260 илјади, од кои скоро 70 илјади се блокирани сметки на фирми, а останатите над 182 илјади се блокирани сметки на граѓаните.
Споредбено со истиот месец од 2015 година, бројот на блокирани сметки е зголемен за околу над 41 илјада ново блокирани сметки.
Според новите законските измени, извршителот нема веќе да може да блокира сметка без прретходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Измени треба да ги заштитат ранливите категории на граѓани, а се предвидува и вонсудска наплата на долговите, како и скусување на рокот на продажба на недвижностите.
Граѓаните најчесто се под блоката поради ненавремено подмирување на комунални сметки, радиодифузна такса и рати за кредити.
Извор: 24 Вести