Лидерската средба во Виена е откажана
Објавено на 21 април, 2016 во 12:28
Лидерската средба во Виена е откажана, Телма неофицијално дознава од дипломатски извори.
Причината за нејзиното одложување се најверојатно последните две барања што вчера ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а тоа се повлекување на одлуката на Иванов за аболицијата и одложување на изборите, закажани за 5 јуни.
Лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА требаше утре да седнат на заедничка маса на иницијатива на тројцата европратеници Ричарт Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, во присуство на еврокомесарот Јоханес Хан.
Засега нема официјална потврда од кабинетот на Хан, ниту од тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.
Извор: Телма