Временска прогноза
Објавено на 22 април, 2016 во 06:59
Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температура до 23 степени.
До сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот до вторник ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и со умерен до засилен ветер, претежно од западен правец.