Временска прогноза за празничниот продолжен викенд
Објавено на 29 април, 2016 во 07:09
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, особено претпладне.
Потоа нови врнежи од дожд ќе има во недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, особено кон крајот на денот и во ноќните часови.
Врнежи ќе има и во понеделник попладне, а поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта кон вторник, кога локално се очекува да наврнат и над 50л/м2.