Изречени затворски казни за случајот „Ќелија“
Кривичниот суд во Скопје им изрече затворски казни на петтмината осмничени во случајот „Ќелија“, пишува Телма.
На Иса Фуга му е одредена затворска казна во траење од 4 и пол година, Абдула Абдулахим 3, 1 година затвор, Ерол Рустеми 4 години, Имери Мухамеди во траење од 2 години, а на македонецот Стефан Стефановски судот му одреди казна затвор од 2 години.
Според одлуката на Судот, сите се виновни за истото кривично дело, „учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација“.
Основниот суд Скопје 1, како што соопшти, ги прогласи за виновни сите пет обвинети, како што и тие самите, доброволно, се произнесоа во судницата.
Претходно на седницата на Советот за оценка на обвинителен акт одржана на 11 март годинава и преостанатите шест обвинети опфатени со истиот обвинителен акт, ја признаа вината за делата што им се ставаат на товар и се спогодија со обвинителството, а судот донесе пресуда врз основа на предлог – спогодба со која сите шест обвинети беа огласени за виновни.
Извор: Телма