Временска прогноза
Објавено на 21 мај, 2016 во 07:11
И денеска времето ќе биде облачно и релативно студено за овој период од годината, со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, а во југоисточните делови се очекува да наврнат и над 50 л/м2.
Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Во недела и понеделник ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе има локални врнежи од дожд, а потоа се очекува стабилизирање и позначително затоплување на времето.