Искршена канцеларијата на СДСМ во Кисела Вода
Објавено на 23 мај, 2016 во 07:14
Утврдено е дека се одземени хард дисковите од комјутерите, како и сите партиски материјали.
Полицијата вечерва врши увид во седиштето на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, откако партиски членови денеска увиделе дека некој провалил внатре во бараката и ги одзел сите материјали, пренесуваА1он.
Според неофицијални информации во бараката по се изгледа било провалено во саботата вечерта, со помош на хебла со која била скршена вратата.
Првично е утврдено дека се одземени хард дисковите од комјутерите, како и сите партиски материјали.
До бараката на општинската организација на СДСМ, се наоѓа и таа на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода.
Извор: Плусинфо.мк