Од СЈО најава за обзнанување нов случај, за осомничени тројца врвни политичари
Објавено на 6 јуни, 2016 во 08:03
Специјалното јавно обвинителство, како што неофицијално се дознава , денеска или утре пред јавноста ќе обзнани нов случај на круиминални постапки на политичари.
Засега не се открива на што прецизно се однесува оваа нова истрага на СЈО, но извесно е дека во овој предмет како осомничени ќе се појават тројца политичари, со битни позиции на одлучување.
СЈО досега отвори пет истражни постапки.