Временска прогноза
Објавено на 7 јуни, 2016 во 06:03
Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во југоисточните делови со пороен дожд и грмежи. УВ=7. Температура до 28 степени.