Орав: Отворено само едно прашање
И по маратонските разговори, четирите политички партии- потписнички на Договорот од Пржино не постигнаа договор за преодна влада. Според првичните информации, копјата се кршеле околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи за предлози и смени во кадровската политика, јави ТВ 21.
По целодневните разговори, изјава даде амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав кој рече дека има значајни поместувања, постигнат бил договор за сите прашања освен за едно и рече дека се надева оти переговорите за тоа прашање ќе продолжат што е можно поскоро.
„Направена е значајна работа. Постигнат е договор околу сите прашања, освен за едно. Се надевам дека преговорите по тоа прашање ќе продлжат што е можно поскоро“, рече евроамбасадорот Орав.
Новинарите, кои со часови чекаа пред резиденцијата на Европската Унија во Пржино инсистираа Орав да го јкаже спорното прашање, но тој не одговори.
Преговорите почнаа во 13:30 часот, по што следуваа две пауз
Ниту еден од партиските претставници Радмила Шекеринска од СДСМ, Имер Алиу од ДПА, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, и Артан Груби од ДУИ по средбата не даде изјава.
Извор: ТВ 21