Временска прогноза
Објавено на 21 јули, 2016 во 06:52
До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот.
Во почетокот на наредната седмица ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
ДЕНЕСКА: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието. УВ=9. Температура до 32 степени.