Во Стразбур вчера средба на Хан,Ховит,Вајгл и Кукан
Објавено на 14 септември, 2016 во 08:33
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вчера во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со кои разговарал за политичката состојба во Македонија.
По средбата, на својот твитер-профил Хан потсети на потребата од веродостојни избори.
„Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и со Едвард Кукан за развојот на настаните во Скопје. Веродостојни избори се клучот за враќање на земјата на евроатланскиот пат на реформи“, напиша Хан.
Тројцата европратеници и еврокомесарот Хан беа посредници во постигнувањето на Договорот од Пржино помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии.
Извор: МЕТА