СЈО денеска ќе го презентира вториот извештај
Објавено на 15 септември, 2016 во 07:09
Во 11 часот, во новите простории на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), специјалната обвинителка Катица Јанева ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран шестмесечниот извештај на ова обвинителство, соопштија од СЈО.
Во соопштението на СЈО е наведено дека обвинителите ќе одговорат на сите прашања за кои новинарите пројавиле интерес во изминатиот период.
Обвинителката ќе треба извештајот да го достави и до Собранието, но сè уште не се знае дали таа ќе го презентира пред пратениците.