Времето денеска
Објавено на 16 септември, 2016 во 06:00
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб југозападен ветер УВ=6.Температурата ќе достигне до 31 степен.
Во сабота попладне и во недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне.