Груевски на средби во Вашингтон
Според Груевски, контекстот на средните е обезбедување на подобри позиции за Македонија, но и за зајакнување на реалациите помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
Политичката криза и претстојните избори, состојбата со мигрантите, стратешката цел на Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, партнерските односи со Соединетите Американски Држави- тема на средбите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со конгресмени, сенатори и луѓе од политичкиот живот во Вашингтон.
Според Груевски, контекстот на средните е обезбедување на подобри позиции за Македонија, но и за зајакнување на реалациите помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
„Правиме сѐ што е во наша моќ да пренесеме што повеќе информации да објасниме што повеќе работи кои не се доволно објаснети и секако да размениме информации и идеи за идните чекори, за идните предизвици и начините како тие предизвици да се надминат, пред се во Македонија и во насока на зајакнување на односите со САД“, изјави Груевски.
Конгресменот Кристофер Смит изрази силна поддршка на Република Македонија и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во справувањето со предизвиците и реализација на стратешките интереси за интегрирање во НАТО.
„Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски. Имав многу добар состанок разговарајќи за овие прашања, и мислам дека државата ќе биде додадена вредност во алијансата, лојален партнер и пријател. Државата треба да стане членка што поскоро и следниот претседател на САД ова прашање треба да го стави во приоритетите“, изајви конгерсменот Смит.
Извор: МРТ