Временска прогноза
Објавено на 7 ноември, 2016 во 07:14
Од денеска под влијание на изразено јужно воздушно струење и влажни воздушни маси, ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Пооблачно со обилни врнежи од дожд ќе биде во вторник и среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 50, а локално и над 60л/м2 воден талог. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер( над 70 км/ч.), кој во среда кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурата.