Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Сеат Кочан, првообвинетиот во предметот „Труст“ денеска на судското рочиште во Кривичниот суд се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот Гаврил Бубевски, пак, во воведното излагање рече дека обвинетите Сеат Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000 000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

Според доказите што ќе ги презентира СЈО, наваде Бубевски, ќе се докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција, изиграни се правилата на јавните набавки, кои постојат токму за да се избегнат криминални местенки заради злоупотреба на државните пари, а граѓаните и земјата да добијат квалитетни услуги кои, колку што е тоа можно најмалку ќе го оптоварат буџетот.

– Пред лицето на правдата денеска стои едно криминално здружение кому единствен и главен сврзувачки елемент му е незаконскиот профит, рече Бубевски. Тој побара од судот врз основа на приложените докази обвинетите да бида прогласени за виновни за делата за кои се обвинети.

На почетокот на денешното рочиште, одбраната на обвинетите побара повторно одложување бидејќи не им биле дадени сите докази на увид. Специјалното јавно обвинителство во судницата и ги предаде на одбраната доказите за случајот „Труст“, по што судијката Лидија Трајковска Зимбовска не дозволи одложување на судењето и ја почна главната расправа.

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново