Втор ден во прекин железничкиот сообраќај, железничарите бараат заостаната плата
Објавено на 13 декември, 2017 во 09:38
Железничкиот товарен и патнички сообраќај втор ден е во целосен прекин поради протестот на вработени во „Македонски железници АД Транаспорт“ кои бараат исплата на вториот дел од платата за октомври.
Вработените најавија дека нема да почнат со исполнување на работните обврски сè додека не им се исполни поставеното барање.