ДУИ бара да се укинат патните трошоци за функционерите
Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми на денешната комисиска расправа за финансирање на и буџет најави дека ќе поднесат амандман за укинување на патните трошоци на сите функционери.
Овој амандман ќе се однесува на законските измени што ги предложи пратеничката група на СДСМ, за намалување на патните трошоци од 30 отсто на 20 отсто од потрошената сума за платено гориво
Според него, новинарите немале други теми и им вршеле атак на паратениците.
– Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме ние, пратениците, на мета постојано. Еднаш да се работи за народот и да се жртвуваме – рече Адеми.
Предлогот на власта за кратење на патните трошоци утре е ставен на дневен ред и на законодавно- правната комисија и комисијата за политички систем.
Со измените се предвидува надоместот кој пратениците го добиваат за секој поминат километар, зависно од цената на горивото, од досегашните 30 отсто да се намали од 20 отсто.