Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, набавил џип вреден 50 илјади евра за потребите на Општината. Станува збор за возило „фолксваген тигуан 2.0 ТДИ“ и според договорот склучен со „Порше лизинг“ ДООЕЛ Скопје, возилото ќе се исплаќа одложено по пат на финансиски лизинг со учество од 20 отсто во рок од 60 месеци.

Во делот за вредноста на договорот е наведена сума од 2.586.014 денари, односно 42.049 евра, без вклучен ДДВ. Општината во наредните пет години ќе исплаќа рата од речиси 700 евра, а првата уплата пред испораката на возилото е 8 илјади евра.

Градоначалникот Љата не одговори на повиците за неопходноста на набавката на возилото. Во изјава за дел од медиумите тој посочил дека нема ништо спорно и дека џипот ќе се користи за службени потреби на Општината. Од таму, пак, известија дека градоначалникот е на службено патување, а отсутен бил и секретарот, како и лицата задолежни за односи со јавност, кои може да дадат повеќе одговори за набавката на луксузното возило.

Извор: Макфакс

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.