Ременски: Почнати се подготовки за попис на населението
Објавено на 16 март, 2018 во 11:45
Според мои информации, во тек се подготовки за да почне подготовката за пописот, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски во вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21.
-Но да не се залажуваме дека процентуално врзаните права, кои се стекнати права, ќе можеме да ги спуштиме – рече таа на дебатата на која се разговараше за Законот за употреба на јазиците.