Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на полноќ на својата веб страница го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9.

– Денеска, 17 април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt, информираат од СЕП.

Оттаму оценуваат дека во изминатите девет месеци, Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, а како доказ го посочуваат успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, односно реализацијата на над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина.

– Делот девет т.е севкупно Планот 3-6-9 завршува денеска, односно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија. Согласно испорачаните резултати т.е. успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, истиот треба да биде крунисанa со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата, нагласуваат од СЕП.
Се посочува дека со Планот 3-6-9 не завршуваат реформите, туку реформската агенда ќе продолжи и во иднина во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од Шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите и забелешките што се очекуваат во денешниот Извештај на Европската Комисија.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада за да се одмрзне реформскиот процес и државата да се врати на евроатланскиот пат. Планот беше поделен на три делови, според рочноста во која се имплементираа реформите. Првиот дел беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, а вториот дел со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.