Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Европското партнерство со Балканот мора да се темели на поискрени и потранспарентни односи кои и даваат предност на демократската трансформација, се наведува во Декларацијата за европско партнерство со Балканот, која беше промовирана синоќа на регионална конференција по повод 10-годишнината од Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) во Белград.

На одбележувањето и на промоцијата присуствуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој беше и еден од главните говорници синоќа и рече дека „сите сме во ист чамец“.
„Крајно време е подрачјето на Западен Балкан во процесот на пристапување кон Европската унија храбро да се соочи со проблемите што го оптоваруваат и заеднички да гради иднина“, рече Димитров.

Во Декларацијата, меѓудругото се наведува дека „членството во ЕУ не е прашање на политички опортунизам, туку генерациска политичка и социјално-економска определба“.
„Сто години по завршувањето на Првата светска војна, 2018 година треба да значи историска пресвртница. Новата стратегија на Европската комисија и самитот за Западен Балкан закажан во мај 2018 година, ја потврдуваат цврстата определеност на ЕУ за исполнување на оваа цел“, се вели во Декларацијата.

Но, истовремено се предупредува од можна дестабилизација доколку не се искористи моментот.
„Ако регионот ја искористи оваа шанса, тој може да стане дел од ЕУ. Но, ако Западен Балкан ја испушти оваа шанса, ризикува да заостане зад ЕУ, без јасна визија, изложен на дополнителна дестабилизација“, се додава во неа.

На перспективите, но и можните негативни сценарија за Балканот, се осврна и поранешниот потпретседател на Европскиот парламент Ханес Свобода, кој се заложи за брзо „условено членство“.
„Помалку права и обврски, а доколку државата кандидат ги исполни сите услови успешно, станува полноправен член. Во спротивно ќе се случи катастрофа“, рече Свобода.

Конференцијата продолжува и денеска со учество на повеќе познати сегашни и поранешни политичари, меѓу кои се Димитров, Свобода, Ерхард Бусек, Горан Свилановиќ, како и околу 200 други угледни јавни личности, претставници на тинк-тенк организации или вработени во министерствата од земјите од регионот.

Извор: Мета

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.