Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Осуманесет возила „дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра доби денеска Министерството за земјоделство од Европската унија.

Четиринаесет од возилата се наменети за Платежната агенција, а четири за Министерството, додека компјутерите се за администрацијата.
Како што изјави министерот Љупчо Николовски кој ја прими донацијата, со опремата треба да се зајакнат капацитетите во насока на обезбедување побрзи, поефикасни и побезбедни услуги.

– Министерството за земјоделство прво од цела Влада ја добива оваа модерна ИТ опрема која треба да им го олесни работењето на вработените и да овозможи побрзи услуги, рече Николовски.
Според Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје, оваа мала поддршка ќе направи секторот да биде многу поефикасен и е дел од претстојната помош во останатите сегменти како наводнување, фитосанитарна заштита, ветеринарни контроли и други.

Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски напомена дека возилата се неопходни за спроведување на контролата на терен, а индиректно ќе помогне за подоброо искористување на ИПАРД средствата. – Ова е само еден од првите придонеси за Агенцијата кои овозможуваат подигнување на нејзиниот технички потенцијал. Контролите не затајуваа ни досега, но располагавме со стар возен парк, рече Бабовски.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.