Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Канцеларијата на Народниот правобранител, констатирала дека лани во работењето на извшителите немало никакво подобрување и дека имало ситуации во кои граѓаните буквално биле оставени и без основни средства за егзистенција.

Голем број претставки што во текот на изминатата година биле доставени до Народниот правобранител се уште се однесуваат на работата на извршителите, рече Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народен правобранител на денешната презентација на годишниот извештај пред пратениците на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Неажурноста на управното судство и натаму е на товар на граѓаните кои со години чекаат остварување на нивните права од социјалната и здравствената заштита, денационализацијата, даноците и слично. Особено загрижува тоа што судовите повеќе време трошат на комплетирањето на предметите, отколку на нивно решавање.

Управата за јавни приходи продолжи со своето волунтаристичко постапување во посебните даночни постапки за испитување на имотот и имотната состојба, односно утврдување на приходи на кои не е утврден или не е доволно утврден данок – потег кој апсолутно е недозволив за држава во која владењето на правото е на прво место“, се вели во годишниот извештај на народниот правобранител.

Според омбудсманот, настаните со насилството во парламентот, ја потврдиле „непрофесионалност на полицијата“, а за ваквата состојба со години наназад
укажува токму Народниот правобранител.

„Непрофесионалност на полицијата се потврди и во слуачите со приведувањето на тројцата пратеници, кои со лисици беа спроведени до судот, без притоа да се почитува нивниот имунитет. Најавените реформи кои се прават во оваа област треба да одат токму во оваа насока – создавање на професионална полициска служба која ќе биде имуна на секакви влијанија“, препорачува Народниот правобранител.

 

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново