Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ahmeti fin

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан во сабота, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, рече Ахмети, не прецизирајќи каде ќе се случи потпишувањето.

Лидерот на албанската партија која е на власт во македонската Влада рече дека во процесот на преговорите меѓу Скопје и Атина имало неколку опции за името на државата, но дека „Република Северна Македонија“ е конечната која е договорена меѓу двете влади и која ја прифати и албанскиот фактор во земјата./МИА

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново