Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ucenici fin

Младите на возраст од 13 до 19 години можат да станат социјални иноватори и претприемачи, да ги развијат способностите за препознавање проблеми од блиската средина, но и да се вклучат во нивно активно решавање преку развивање иновативни решенија. Ова го овозможува Upshift програмата за социјално претприемништво во рамки на која ќе се применуваат докажани методи и техники за учење и развој на клучни вештини.
Во рамки на програмата идната недела ќе биде објавен првиот Upshift повик, кој денеска го промовираа Министерството за образование и наука и Фондот за иновации и технолошки развој. Програмата се реализира заедно со УНИЦЕФ.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека во рамки на програмата наставниците ќе користат современи наставни методи и техники за учење и развој на вештини, со кои ќе ги подучуваат младите и ќе овозможуваат да се развива нивната креативност и иновативност во делот на социјалното претприемништво кое има особена важност во решавањето на круцијалните општествени проблеми, како намалувањето на невработеноста или, пак, обезбедување поддршка за ранливите категории и сл.

– Практично, наставниците преку посебни програми што ќе се применуваат на часовите по предметите поврзани со иновациите и претприемништвото, ќе ја подигнуваат социјалната одговорност на учениците, способноста сами да детектираат општествени предизвици и да пристапуваат или да се приклучуваат кон заложбите за нивно решавање преку развој на иновативни решенија, рече Адеми.

Додаде дека учениците ќе имаат можност да се организираат во групи и со конретни предлог проекти во областа на социјалното претприемништво да аплицираат на јавен повик за обезбедување тримесечна менторска поддршка и средства за имплементација на проектот.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски истакна дека покрај оваа ќе спроведат и други програми со кои ќе го развиваат иновативниот и критичкиот потенцијал и претприемачкиот дух и додаде дека веруваат дека тоа ќе помогне во понатамошен развој на економијата и општеството.

Претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс рече дека треба да им се даде шанса на младите да ги реализираат своите идеи за решавање на проблемите во заедниците преку овозможување финансиска поддршка и преку иновација.

Upshift програмата ќе се овива во период од три до четири месеци. По објавување на повикот следи процес на апликација, потоа ќе се одржи тридневна работилница за развој на идеите во рамки на која младите ќе научат како да ја скенираат средината во која функционираат, ќе можат да откријат кои се партнерите кои би им биле важни во спроведување на идејата и како ќе настапат пред бизнис секторот и заедницата за да ја продадат таа идеја. Следна фаза е презентација на идеите, а најдобрите продолжуваат со тримесечен период на менторска и финансиска поддршка во износ од 2.000 евра.

Програмата е креирана во Косово во 2014 година, а е имплементирана во 12 земји ширум светот.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.