Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mnr fingrcija

За првните аспекти на Договорот од Преспа, историската и правната позадина, за имплементацијата, името, употребата, јазикот и државјанството, ќе дискутираат професори по право, историја, меѓународни односи од атинските и солунските факултети на конференцијата организирана од научниот совет на грчкото МНР.

– Целта на конференцијата е да има глобална, трезвена и плодна научна дебата во врска со сите правни прашања што произлегуваат од овој историски договор за решавање на спорот со ПЈРМ. Дискусијата ќе има 4 сесии и се очекува да придонесе во разјаснувањето на критичните концепти и правни термини, со цел целосно да се информира јавноста, соопштуваат од грчкото МНР.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, дискусијата ќе се одржи денес во Министерството за надворешни работи на Грција, предвидено е да трае 7 часа, а ќе заврши вечерва, со обраќање на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој ќе говори на тема „Оценка на Договорот од Преспа и стратешка имплементација“.

На првата сесија ќе се разговара за историската и правната позадина на договорот, втората е посветена на аспектите на договорот во однос на името и употребата, во третиот дел, професорите ќе дискутираат за прашањата поврзани со имплементацијата, а четвртата и последна сесија е посветена на договорот за решавање на спорот, државјанството и јазикот.

Извор: МИА

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.