Во Македонија нема регистрирано случај на Западнонилска треска
Објавено на 16 август, 2018 во 10:31
Заклучно со вчера, во земјава нема регистрирано ниту еден случај на Западнонилска треска, соопштија од Институтот за јавно здравје.
Здравствените власти потсетуваат дека од оваа болест не е регистриран ниту еден случај од 2016 година до вчера, за разлика од соседството, каде од почетокот на сезоната до 9 август има 13 смртни случаи.
Најлоша е состојбата со Србија, каде се забележани 102 случаи на Западнонилска треска, од кои 9 се починати, потоа Грција со 59 случаи , од кои три смртни. Болеста се појави и на Косово, каде беа регистрирани два случаи, од кои еден е починат.
Во поблиските земји, по 23 случаи имаше во Унгарија и Романија, каде пак имаше и еден смртен случај