Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

migranti fin

Со неколку истрели во воздух на границата со Грција, војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат на наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле во Грција.

Како што пренесе МИА од АРМ информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија – село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

– Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух, по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.

Од АРМ уверуваат дека со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвени за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново