Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

milejanakieski fin

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го праша Александар Трајковски, кој беше на гости кај Никола Груевски во Унгарија, дали јадел гулаш.

„Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори: „Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата се изнасмеаја.

На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО. Првото рочиште за предметот „Насилство во Центар“ почна на 16 декември 2016 година, но динамиката на судење досега се одвива бавно.

Извор: Макфакс

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Најново