Нов студен бран
Oд југ, денеска, во нашата држава ќе навлезе влажен бран кој ќе услови повремени врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките и планинските места, ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот.
Снежната граница има услови на некои места, особено на запад и на север да се спушти и под 1000 м.н.в.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па локално се очекува да наврнат околу 10 до 15 л/м2 воден талог.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат за 5 до 7 степени пониски од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Веќе од четврток следува период на стабилно и суво време па така наутро понекаде температурите ќе се спуштат под нулата, максималните дневни пак повторно ќе бидат во позначително покачување и за време на викендот ќе бидат повторно над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
По одделни котлини повторно ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност