Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

fuere fin

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, вели дека е разочаран од компромисите што Европската комисија ги прави со земјите противници на проширувањето и предупредува дека преговорите со земјава се тест за кредибилитетот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фуере смета дека изјавата на Хан за подготвителната фаза на преговори, која беше насочена кон скептиците на проширувањето, претставува недобредојден компромис со нив, исто како и одлагањето на извештаите за напредокот.

– Разочарувачки е што Европската комисија не ги почитуваше роковите за извештаите за напредокот, што требаше да се објават неделава. Мислам дека ова е стратешка грешка. Знаеме зошто го направија тоа, но што повеќе правите компромис толку повеќе креирате двосмисленост и толку повеќе ја играте играта на оние кои не сакаат повеќе проширување – смета екс-амбасадорот во земјава.

Тој смета дека ваквите изјави и потези не помагаат и дека Комисијата треба да се фокусира на тоа да ѝ објасни на јавноста кои се бенефитите од проширувањето и се надева дека нема да има одлагање на одлуката за преговори во јуни.

– ЕУ се соочува со критичен предизвик, ако не ги донесе одлуките што очекуваме да ги донесе навистина ќе се поткопа кредибилитетот на заложбите на ЕУ кон проширувањето, убаво е да се каже дека не треба да се избрзува, но овие земји добиле ветување дека доколку ги започнат реформите, нивните напори ќе бидат наградени, и посебно во случајот со Северна Македонија и постигнувањето на Преспанскиот договор, ова треба да е доволно – вели Фуере за МИА.

Како и мнозинството дипломати во Брисел, тој смета дека СЈО треба да продолжи непречено да работи и е загрижен од можните ограничувања во неговата работа како резултат на компромисите со опозицијата.

– Загрижен сум кога го гледам бројот на компромисите што се прават во новиот закон за СЈО, бидејќи тоа оддава впечаток дека неговата улога може да биде поткопана, обвинителката треба да одигра критична улога за да донесе правда за злосторствата од минатото, да не заборавиме дека слоганот на оние кои водеа кампања за промени беше дека нема мир без правда – потсетува поранешниот ЕУ амбасадор во нашата земја.

Тој предупредува и дека дури и да нема преговори во јуни, Владата и сите главни чинители не смеат да се откажат од реформските напори и никој не смее тоа да го користи во политички цели.

– Најголемата слабост што ја имаше Македонија во претходните години беше недостиготт на политички консензус, посебно за надворешната политика и Владата на Заев ја покажа важноста на политичкиот консензус, дури и да нема одлука во јуни, и јас го разбирам разочарувањето кое ќе настапи во Македонија, тоа не смее да се интерпретира како оправдување за одлагање на реформите – нагласи Фуере за МИА.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.