Променливо облачно време со локален дожд
Објавено на 6 јуни, 2019 во 05:53
Времето во земјава ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 17 степени, а дневната температура од 20 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачнои со локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната температура до 27 степени.
Од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите.
Локално во попладневните часови ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.